Раководството на Челзи и официјално го назначи наследникот на Енцо Мареска. 41-годишниот англиски тренер, Лијам Росениор, е новиот предводник на „сините“ од „Стемфорд Бриџ“. Тој на клупата на Челзи доаѓа од француски Стразбур, екипата која е филијала на премиерлигашот.
Росениор во својата кариера освен Стразбур, ги предводел и екипите на Дерби Каунти и Хал, додека како фудбалер настапуваше за Бристол, Фулам, Торки, Ридинг, Ипсвич, Хал и Брајтон.

