Официјално: Лирој Сане е нов играч на Баерн Минхен

Лирој Сане и официјално е нов член на Баерн Минхен откако го комплетираше трансферот од редовите на Манчестер сити за сума од 55 милиони фунти (61 милион евра). Ексиграчот на Шалке по четири години се врати во Бундеслигата каде што во следните пет сезони ќе ги брани боите на старо-новиот шампион.

Баерн се реактивира да го оствари овој ангажман откако Сане ги одби последните преговори со Сити околу продолжување на договорот, па за да него изгубат без отштета, Граѓаните го прорадоа крилниот офанзивец за речиси половина од цената која ја бараа во зимскиот преоден рок.

Сане пропушти голем дел од актуелната сезона поради тешка повреда на коленото, што исто така влијаеше да му падне вредноста на фудбалскиот пазар.

- Оглас -

Најнови вести