Официјално: Луис Енрике селектор на Шпанија до крајот на СП 2022

Шпанската фудбалска федерација потврди дека Луис Енрике ќе биде селектор на „црвената фурија“ до крајот на Мундијалот во 2022 година. Ова значи дека стручњакот кој ја напушти репрезентацијата во време кога неговата ќерка беше тешко болна, а потоа и почина, се враќа во тимот и прв голем настан ќе му биде Европското првенство следната година.

Роберт Морено кој со солзи во очите им соопшти синоќа на фудбалерите дека веќе нема да ја води репрезентацијата, е отстранет и од стручниот штаб. Морено му беше помошник на Енрике, пред некогашниот фудбалер на Реал и Барселона да се повлече.

- Оглас -

Најнови вести