Ракометната репрезентација и официјално настапот на Европското првенство во Германија го завршува на 17-тата позиција, што е подобрување на пласманот за пет позиции од претходниот шампионат, кога бевме 22-ри.
Македонија групната фаза со една победа и два порази ја заврши на третата позиција, а од сите третопласирани репрезентации во шестте групи, единствено послаби од нас беа репрезентативците на Грузија, кои завршуваат како 18.
Пласманот од 19-тото до 24-тото место е следниот: Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина.
Нашата репрезентација најдобриот пласман го имаше на Европското првенство во Србија во 2012, кога завршиме на петтата позиција, додека најслабиот на шампионатот во 2022 година во Унгарија, кога бевме 22-ри од 24 репрезентации.