Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе биде ви вториот шешир при ждрепката за квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка.
EХФ ја закажа ждрепката за 21-во март во Копенхаген, а Македонија има добри шанси за поволна група од која ќе може да се избори нов настап на континенталниот собир. Домаќините Данска, Норвешка и Шведска, како и европскиот шампион Франција, нема да играат квалификации.
Во квалификациите ќе има осум групи по четири селекции, а првиот и вториот од секоја група ќе обезбедат место на ЕП 2026, како и четири од осумте третопласирани селекции. Ова значи дека доволно е да бидеме подобри од ривалите од третиот и четвртиот шешир, за да играме на ЕП.