Барселона и официјално објави дека нов член на нивниот клуб е 18-годишниот бразилски напаѓач Витор Роке, кој игра за Атлетико Паранаенсе.
Договорот е на осум години (до јуни 2031 година), а Барса за популарниот Тигрињо (малиот тигар) ќе плати обесштетување од 45 милиони евра. Клубот информира дека Витор Роке на тимот ќе му се приклучи од сезоната 2024/2025. До јануари тој ќе игра за Атлетико, а ако се реши проблемот со финансискиот ферплеј, може да дојде во Барса уште зимоска, но поверојатно е тоа да се случи од следното лето.