Манчестер сити и официјално го купи од Ајнтрахт Франкфурт еден од најдобрите напаѓачи го Бундес лигата, Омар Мармуш. „Граѓаните” за интернационалецот од Египет платија 75 милиони евра, што е четврти најскап трансфер во историјата на клубот. Сити претходно поголема сума плати само за Кевин де Бројне (76), Јошко Гвардиол (90) и Џек Грилиш (117).
We’re delighted to announce the signing of @OmarMarmoush ✍️🩵 pic.twitter.com/ryY2jA1mdE
— Manchester City (@ManCity) January 23, 2025
Мармуш игра одлична сезона во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и на 26 меча има ефект од 20 гола и 14 асистенции, па разбирливо е зошто Манчестер сити плати толку висока сума, со оглед и на кризата во која се наоѓаат.