Официјално: Манчестер сити се засили со француски репрезентативец

Манчестер сити и официјално се пофали со потписот на францускиот Рајан Черки, кој ќе го носи дресот на Граѓаните во следните пет години. Черки се сели од Олимпик Лион во Манчестер сити за сума од 36,5 милиони евра, а Граѓаните ќе треба да платат и дополнителни шест милиони евра во бонуси.

Рајан Черки воодушеви со својата игра на полуфиналето од Лигата на нациите помеѓу Шпанија и Франција кога Триколорите се вратија од 5-1 до 5-4, а беа блиску и комплетно резултатски да се вратат во игра. За Французинот имаше интерес и од Ливерпул, но неговата одлука е да се пресели во Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести