Официјално: Маркус Рашфорд позајмен на Астон вила до крајот на сезонава (Фото)

Сагата околу Маркус Рашфорд и официјално е завршена. Фудбалерот на Манчестер јунајтед нема да направи трансфер во Барселона, туку до крајот на сезонава ќе игра како позајмен во екипата на Астон вила. Ова и официјално го потврдија од клубот од „Вила парк“, од каде што се пофалија на социјалните мрежи.

Рубен Аморим не сметаше на неговите услуги и тој воопшто не беше дел од составот на Црвените ѓаволи, а сега ќе игра како позајмен во екипа која е подобропласирана од нив на табелата во Премиер лигата, но и екипа која успеа да обезбеди место помеѓу топ-8 во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести