Најмладиот фудбалер што некогаш заиграл во англиската Премиер лигата, Итан Нванери, од денеска има нов клуб, замина на позајмица во Марсеј.
Арсенал одлучи дека е најдобро за неговиот развој Нванери да ја промени средината и да стекне искуство играјќи во врвните лиги. Нванери им се придружи на своите нови соиграчи во Марсеј на позајмица до крајот на оваа сезона, без право на откуп.
Овој 18-годишник има 12 настапи сезонава за Арсенал во сите натпреварувања и во Марсеј се надева на минутажата која му е потребна.
Во септември 2022 година, Нванери стана најмладиот играч во историјата на Премиер лигата, дебитирајќи на возраст од 15 години и 181 ден.
Арсенал имаше позитивно искуство со Вилијам Салиба кој истотака помина низ Марсеј, стекна многу искуство и се врати во Лондон далеку позрел, поискусен и поквалитетен.
Марсеј платил 1,5 милиони евра за позајмицата, а Нванери ќе го носи дресот со број 11.

