Официјално: Марсело објави крај на фудбалската кариера

Легендарниот бразилски фудбалер Марсело на 36-годишна возраст објави дека заминува во фудбалска пензија. Ќе остане запаметен како еден од најдобрите леви бекови во историјата и еден од најтрофејните фудбалери на Реал Мадрид, каде што мина цели 15 години.

Марсело од матичниот Флуминенсе пристигна во Реал Мадрид во 2007 година, на 18-годишна возраст, за сума од 6,5 милиони евра. По 15 години во Мадрид, како слободен фудбалер потпиша за Олимпијакос, од каде што се врати во матичниот клуб, каде што на крајот неславно заврши и по инцидентот со тренерот, договорот му беше раскинат.

Во професионалната кариера одигра 721 натпревар со ефект од 58 гола и 117 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести