Официјално: Маунт следните пет години ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер јунајтед на социјалните мрежи го претстави своето ново засилување Мејсон Маунт од Челзи. Двете екипи се договорија трансферот да изнесува 55 милиони фунти, плус 5 милиони фунти бонуси, а фудбалерот стави потпис на договор до 2028 година, со можност тој да биде продолжен за уште една.

https://twitter.com/ManUtd/status/1676523817425055746?s=20

Мејсон Маунт потекнува од академијата на Челзи, а освен за својот матичен клуб, има настапи и за Витесе и Дерби каунти како позајмен. Дваесет и четиригодишниот фудбалер за првата екипа на Челзи има одиграно 195 натпревари, додека за репрезентацијата на Англија настапи на 36 меча.

- Оглас -

Најнови вести