Официјално: Мбапе стана сопственик на фудбалски клуб!

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативец на Франција, Килијан Мбапе, и официјално стана сопственик на второлигашот Кан. Веќе подолго време беше познато дека Мбапе ќе купи клуб, но сега трансакцијата и официјално е одобрена од француските власти задолжени за проверка на потеклото на капиталот.

Мбапе за 80% од акциите плати 15 милиони евра, што според она што го има заработено до сега од фудбалот и не е некој проблем за неговиот буџет. Преостанатите 20 % остануваат кај претходните сопственици.

Според информациите, но претседател на Кан ќе биде Зиад Хамуд, близок пријател на Килијан Мабпе и човек кој е задолжен за компанијата за неговите авторски права.

- Оглас -

Најнови вести