9.8 C
Skopje
недела, 23 ноември 2025

Официјално: Мекларен дисквалификуван од трката во Лас Вегас, Ферстапен слави

Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен официјално се дисквалификувани од гран-при трката во Лас Вегас од Формула 1 шампионатот поради технички прекршок.

Норис заврши втор, Пјастри беше четврти, но двата болида беа проверени по трката, при што беше пронајдено прекумерно абење на подните плочи. Се покажа дека дебелината на летвата е помала од минималните 9 мм потребни по секоја трка.

Ова е прв пат во историјата на Мекларен двата болида на тимот да бидат дисквалификувани.

По дисквалификациите на Норис и Пјастри, Џорџ Расел се искачи на второто место, а неговиот колега од Мерцедес, Кими Антонели, се најде на подиумот.

На трката победи Макс Ферстапен кој најмногу ќе ќари од оваа ситуација. Сега Макс има само 24 поени помалку од водечкиот Норис.

Останаа уште две трки до крајот на сезоната. На Норис му е доволно да биде на подиумот на двете трки и на едниот спринт, но останувањето без бодовите од Лас Вегас е силен удар врз него и сега шансите на Ферстапен за нова титула веќе не се така мали како што делуваа до пред некој месец. 

- Оглас -

Најнови вести