Официјално: Мемфис Депај е нов член на Атлетико Мадрид! (Фото)

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај ја напушти Барселона и се пресели во Атлетико Мадрид. Откако ги мина лекарските прегледи, Мемфис официјално потпиша две и полгодишен договор, а веќе и тренираше со своите нови соиграчи.

Барса ќе добие отштета од 3 милиони евра (може да бидат и четири со бонусите, кои се условни) и предност за купување на Јаник Караско кога Белгиецот ќе си оди од Атлетико.

Депај во дресот на Барселона постигна 14 гола на 42 меча, но најголемиот дел од нив во минатата сезона, додека тренер на тимот беше Роналд Куман.

- Оглас -

Најнови вести