Официјално: Милан купи холандски фудбалер за 19 милиони евра (Видео+Фото)

Членот на Серија А, Милан, претстави ново засилување за следната сезона. Се работи за 25-годишниот холандски интернационалец Тијани Рејндерс, кој пристигнува од АЗ Алкмар за 19 милиони евра.

Фудбалерот кој се уште нема ниту еден настап за репрезентацијата на Холандија со Милан потпиша петгодишен договор и ќе го носи црвено-црниот дрес на клубот од Милано до 2028-мата година.

За Рејндерс ова е прв интернационален предизвик, откако претходно настапуваше само за клубови од Холандија, и тоа за Твенте, Цволе, РКЦ Валвијк и АЗ Алкмар.

- Оглас -

Најнови вести