Мохамед Салах и во следните две сезони ќе го носи дресот на Ливерпул. Египќанецот го потпиша договорот со кој ги прекина сите шпекулации околу неговата иднина. Имаше богата понуда од Саудиска Арабија, но реши да остане Црвен.
Салах е петти стрелец во историјата на Премиер лигата, трет најдобар стрелец во историјата на Ливерпул.
„Ако не верував дека може да освојуваме трофеи, немаше да потпишам. Верувам дека тимот може да освои трофеи“, изјави Салах за клупскиот веб-сајт.
„Со поддршката на навивачите и градот што секогаш ни ја даваат на натпреварите, верувам дека можеме да освоиме многу трофеи во следните години. Сакам да ја освојам Премиер лигата повеќе од што било друго, навивачите го заслужуваат тоа. Минатиот пат кога ја освоивме, не прославивме како што треба поради пандемијата. Ќе дадеме сè од себе и се надеваме дека на крајот ќе ја освоиме Премиер лигата“, вели Салах.
Сега се очекува тоа да го направи и Вирџил ван Дајк, кој се согласил да остане во Ливерпул и да потпише договор со важност до јуни 2027. За него се зборуваше дека е блиску до преминување во ПСЖ.