Официјално: Монтереј се пофали со потписот на Серхио Рамос

Серхио Рамос и официјално е нов фудбалер на Монтереј откако клубот се пофали на социјалните мрежи со потписот на шпанската ѕвезда. Триесет и осумгодишниот дефанзивец првпат во кариерата ќе игра надвор од Европа откако настапуваше за Севиља, Реал Мадрид и ПСЖ, а без клуб беше од минатотот лето.

Триесет и осумгодишниот поранешен репрезентативец на Шпанија потпиша договор на една сезона, а Монтереј во моментов е на 10-тата позиција по пет првенствени кола во Мексико.

Серхио Рамос во 16-те години во Реал Мадрид се промовира во еден од најдобрите светски дефанзивци, а за репрезентацијата на Шпанија одигра 180 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести