Она што се најавуваше последните два дена, конечно и се официјализира. Жозе Мурињо и официјално е нов тренер на Бенфика, екипа во која ја започна тренерската кариера точно пред 25 години.
Португалецот потпиша договор до крајот на следната сезона, односно до летото 2027 година. На официјалното претставување не пропушти жестоко да го нападне неговиот поранешен клуб, Фенербахче.
„Направив грешка кога го презедов Фенербахче. Тоа не беше на моето културно ниво, не беше ни на моето фудбалско ниво. Едноставно, не беа мое ниво. Давав сè од себе до последниот ден, но сега со Бенфика се враќам на моето ниво. Моето ниво е да ги тренирам најголемите клубови во светот“, рече Мурињо.
Míster José Mourinho 🔴⚪ pic.twitter.com/345gCLC23O
— SL Benfica (@SLBenfica) September 18, 2025

