Официјално: На Ѓоковиќ му е забранет влез во САД, само еден човек може да му помогне!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не смее да влезе во САД затоа што нема примено вакцина против Коронавирусот, што значи дека нема да може да настапи на Гренд слем турнирот САД Опен, како и двата многу важни турнири во Индијан Велс и Мајами. Државна безбедност на САД не ја прифатила молбата на Ѓоковиќ за влез во земјата и само ја потврдила забраната дека Србинот не смее да влезе во земјата ако не е вакциниран.

Ова на својот твитер профил го потврди сенаторот Флорид Рик Скот, кој објави дека Ѓоковиќ нема да смее да игра на турнирите во Мајами и Индијан Велс.

„Само што добив известување дека Минстерството за внатрешна безбедност на САД го одбило барањето на Новак Ѓоковиќ за изземање од вакцината, што значи дека тој нема да може да игра на турнирите во Индијан Велс и Мајами. Само Претседателот Џо Бајден може да даде посебна потврда и да го пушти Ѓоковиќ да настапува во САД“, стои во натписот на сенаторот Скот.

Организаторите на САД Опен се желни Ѓоковиќ да игра на овој Гренд слем и тие упатија барање за Србинот да добие дозвола за влез во земјата.

Турнирот во Индијан Велс започнува на 6 март и ќе трае до 19 овој месец, додека во Мајами АТП турнирот е од 19 парт до 2 април. САД опен ќе се игра од 28 август до 10 септември, што значи дека правниот тим на Ѓоковиќ има време да подготви жалба и повторно да се обиде да добие дозвола за влез во САД.

- Оглас -

Најнови вести