Официјално: на Холандија – Македонија ќе може да има над 12.000 гледачи!

Најмалку 12.000 гледачи ќе добијат дозвола да влезат на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам за мечевите од Европското првенство кои летово ќе се играат на тој стадион. Ова официјално беше објавено од Холандската фудбалска федерација. Тоа значи дека на 21 јуни македонската репрезентација против Лалињата ќе игра со ограничен број публика на трибините.

Стадионот во Амстердам е еден од 12-те низ Европа на кои во јуни и јули ќе се игра Евро 2020. Според властите, трибините може да бидат пополнети со 25 проценти од капацитетот на објектот кој има 55.500 седишта.

Точната бројка на навивачи кои ќе бидат пуштени на трибините ќе се одреди подоцна бидејќи властите во Амстердам се плашат од некој нов бран на корона-вирусот. И тука гледачите ќе треба да покажат негативен ПЦР тест и да ги почитуваат санитарните протоколи.

Во Амстердам треба да се играат трите меча на Холандија од групната фаза против Украина на 13 јуни, со Австрија на 17 јуни и со Македонија на 21 јуни, како и едно од осминафиналињата на 26 јуни.

- Оглас -

Најнови вести