Официјално: Најбогатиот Србин го купи премиерлигашот Саутхемптон!

Српскиот телекомуникациски магнат Драган Шолак е нов газда на премиерлигашот Саутхемптон. Шолак важи за најбогат човек во Србија, неговото богатство е проценето на 1,3 милијарди евра, а има и три приватни авиони.

Досега со клубот раководеа Кинези. Шолак е основач на „Јунајтед груп“, која ја поседува и спортската телевизија Спортклуб, а тој е и прв човек на Голф федерацијата на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести