Официјално: напаѓачот Спахиу и голманот Талески потпишаа за Вардар

Овојпат е официјално и дефинитивно, 23-годишниот офанзивен фудбалер Едиз Спахиу е нов член на Вардар.

Од клубот објавија дека од мноштвото интернационални и домашни клупски понуди, Спахиу одлучил да потпише за нив. Спахиу доаѓа од Тиквеш со кој го освои Купот на Македонија, а во првата полусезона даде 4 гола. Покрај за Тиквеш, Спахиу има играно и за Гостивар и Шкендија.

Вардар се засили и на голманската позиција. Доведен е 29-годишниот прилепчанец Давор Талески кој доаѓа од Шкендија, а во кариерата бранел и за Хонка од Финска, АЕ Лариса од Грција, како и за неколку македонски клубови како Победа, Металург, Брегалница, Пелистер, Струга и Шкендија. Тој е и поранешен младински репрезентативец на Македонија.

„Знам што значи да се биде дел од еден ваков голем клуб. Моите очекувања се да се подобриме во оваа полусезона, па во следните години да го вратиме клубот таму каде што му е местото, а тоа е шампионска титула и успех во Европа“, се првите зборови на Талески како вардарец.

- Оглас -

Најнови вести