Официјално: Навивачот на Реал Мадрид потпиша за Барселона

Босанскиот плејмејкер Миралем Пјаниќ од Јувентус се сели во Барселона. Договорот е официјално потпишан и потврден од Барса, која му посака добредојде на својот нов играч откако пред некој час се официјализираше преминот на Артур Мело од Барса во Јуве.

Пјаниќ, кој изјавуваше дека е навивач на Реал Мадрид, потпиша четиригодишен договор со најлутиот ривал на Реал, а трансферот е вреден 60 милиони евра, 12 помалку од тоа што Старата дама плати за Бразилецот Артур.

Пјаниќ на Каталонците ќе им се приклучи од почетокот на следната сезона, исто како што и Артур до крајот на сезонава ќе го носи дресот на Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести