Официјално: Нејмар по година и пол се враќа во бразилската репрезентација

Бразилскиот селектор Доривал Жуниор го објави списокот на кандидати за настап на мартовските натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2026 година, а на листата е и 33-годишниот напаѓач на Сантос, Нејмар.

Поранешниот напаѓач на Барселона и ПСЖ по една и пол е повикан во националниот тим, последен пат играше за репрезентацијата на Бразил на 18 октомври 2023 година.

Бразил е на петтото место на табелата во јужноамериканските квалификации. Најдобрите шест репрезентации од Јужна Америка директно ќе се пласираат на СП 2026 година, додека седмопласираната екипа ќе игра бараж.

Селекторот Доривал повика 23-ца играчи за дуелите против Колумбија и Аргентина. Единствен дебитант на списокот е 21-годишниот десен бек Весли.

Составот на Кариоките изгледа вака:

  • Голмани: Алисон (Ливерпул), Бенто (Ал-Наср) и Едерсон (Манчестер сити);
  • Дефанзивци: Данило (Фламенго), Габриел Магаљаес (Арсенал), Гилерме Арана (Атлетико-МГ), Лео Ортиз (Фламенго), Маркињос (ПСЖ), Муриљо (Нотингам Форест), Вандерсон (Монако) и Весли (Фламенго);
  • Среден ред: Андре (Вулверхемптон), Бруно Гимараеш (Њукасл), Жерсон (Фламенго), Жоелинтон (Њукасл), Матеус Куња (Вулверхемптон) и Нејмар (Сантос);
  • Напаѓачи: Естевао (Палмеирас), Жоао Педро (Брајтон), Рафиња (Барселона), Родриго (Реал Мадрид), Савињо (Манчестер сити) и Винисиус (Реал Мадрид).
- Оглас -

Најнови вести