7.9 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Официјално: Нено Димитријевиќ во Баерн Минхен, чест е да се игра за Пешиќ!

Баерн Минхен се пофали дека го обезбедиле потпишувањето на македонскиот бек Ненад „Нено“ Димитријевиќ.

Нашиот 27-годишен кошаркар се враќа во Евролигата. Договорот со Баварците му е до крајот на сезоната, со опција за уште една година.

Димитријевиќ, кој ќе го носи дресот со бројот 0, ги заврши сите медицински прегледи и веќе тренираше со својот нов тим.

„Минхен е одличен и многу почитуван клуб, а кога тренерот Пешиќ ве повикува, тоа е чест“, ја објасни својата одлука да му се приклучи на Баерн.

„Навистина сакав да се вратам во Евролигата и сакам да помогнам да се добијат што е можно повеќе натпревари. Тимот сака да ја освои лигата во Германија, купот и да се бори за место во плејофот во Евролигата до последниот натпревар. Ќе ја вложам целата моја енергија и борбен дух за да имаме шанса да победиме на секој натпревар“, рече Нено кој има искуство од играње и во шпански, италијански и руски клубови. 

Од Зенит му посакаа среќа на Димитријевиќ, а рускиот клуб информира дека тој е на позајмица во Баерн до крајот на сезоната 2025/26. Договорот на Нено со Зенит е до крајот на сезоната 2026/27, па налето ќе треба пак да преговара.

 

- Оглас -

Најнови вести