Официјално, новиот тренер на Порто е Италијанец

Фудбалскиот клуб Порто официјално објави дека го назначил Италијанецот Франческо Фариоли за нов главен тренер на тимот.

Договорот на две години, до јуни 2027.

Минатата сезона, 36-годишниот тренер го водеше Ајакс, со кого заврши на второто место во Ередивизие, а пред тоа една сезона беше на клупата на Ница. Секаде каде што работеше остави позитивен впечаток.

Тој е петтиот италијански тренер во историјата на Сино-белите од Порто, по Катуло Гада, Алесандро Скопели, Еторе Пуричели и Луиџи Дел Нери.

- Оглас -

Најнови вести