Официјално: Обамејанг останува во Арсенал до 2023 година

Пјер-Емерик Обамејанг официјално ја продолжи соработката со Арсенал до јуни 2023 година. Еден од најдобрите стрелци во Премиер лигата одлучи да ја продолжи верноста со Топчиите, така што ќе остане на „Емирати“.

„Пресреќен сум што ќе останам во Арсенал и горд сум што сум дел од ова големо семејство. Да продолжиме со добрите резултати кои наскоро ќе ни донесат причина да славиме“, посочи Обамејанг за Арсенал ТВ.

https://twitter.com/Arsenal/status/1305889349452652548

Габонецот во изминативе неколку месеци како капитен имаше прилика да крене два трофеи со Топчиите. Арсенал на почетокот од август го освои ФА купот, додека пред две недели триумфираше во Комјунити шилд против актуелниот англиски првак Ливерпул.

Обамејанг досега настапи точно на 111 натпревари за Арсенал, во кои запиша 72 погодоци и 15 асистенции, а има и награда за најдобар стрелец во сезоната 2018/19 во Премиер лигата, одличје кое го подели со Садио Мане и Мо Салах со по 22 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести