Првиот човек на УФЦ организацијата, Дејна Вајт, на „Инстаграм“ објави дека битката помеѓу Александар Волкановски и Илија Топурија за титулата во перолесна категорија ќе се одржи на 17 февруари во Анахајм.
Првичниот план беше битката да биде во Лос Анџелес, но таму салите се зафатени тој период, па одлучено е УФЦ 298 настанот да се одржи во еден друг калифорниски град каде што има голема сала во која игра хокеајскиот НХЛ-тим Анахајм дакс.
Австралиецот со македонско потекло, Волкановски, ќе ја брани титулата, а Шпанецот со грузиско потекло, Топурија, уште нема пораз во кариерата.