Официјално: Од 2024/2025, Лигата на шампионите ќе има многу поразличен формат од сегашниот!

УЕФА ги објави очекуваните грандиозни промени во форматот на Лигата на шампионите, а новината стапува на сила во есента 2024 година.

Клубовите во првата фаза ќе играат осум меча распределени во десет недели, и тоа е намалување од првите планови со кои требаше да се играат по меча. Секој ќе игра против различни противници, четирипати дома и четирипати на гости, а табелата ќе биде заедничка за сите тимови.

Првите осум на табелата, ќе се пласираат за следната фаза, а тие што ќе се најдат на позициите од деветто до 24-то место ќе играат дополнителен плејоф во два меча за да се определат останатите осум тима во осминафиналето.

Бројот на учесници се зголемува од сегашните 32 на 36. Две од четирите места ќе бидат пополнети со тимови од земјите со највисок коефициент во европските купови во последните две сезони, едно место ќе биде со петтата земја, тоа обично е Франција, додека во ЛШ ќе игра и уште еден тим од квалификациите од оној дел каде што разигруваат шампионите на сите земји со помал коефициент.

- Оглас -

Најнови вести