Oфицијално: Палермо деградиран во Серија Ц

Палермо од следната сезона ќе се натпреварува во третата италијанска лига, или Серија Ц. Оваа казна ја одреди Федералниот суд на Италија по што се потврдија финансиските малверзации на поранешниот претседател на клубот, Маруицио Цампарини.

Иако Палермо сезонава се бореше за пласман во италијанската елита преку разигрувањата, нивното место сега припадна на Перуџа. Палермо е преместен на последната позиција на табелата во Серија Б, по што им следува директно испаѓање.

Сепак, раководството на клубот во најбрзо време ќе поднесе жалба за оваа казна, но со оглед на фактот што Цампарини направи огромна штета на имиџот на клубот, тешко дека Палермо ќе го добие спорот и по жалбата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести