Екипата на Партизан доби големо засилување за продолжение од сезоната во кошаркарската Евролига, но и во јадранската АБА-лига. Клубот од Белград официјално го претстави Џејлин Смит од Виртус Болоња, кој може да настапува на две позиции, плејмејкер и бек-шутер.
Она што е интересно е дека од 2022 година Американецот се одлучи да настапува за репрезентацијата на Хрватска, а Партизан му е петти клуб во Европа. Тој претходно настапуваше за германските Хејделберг, Лудвигсберг и Алба Берлин, а потоа и за Виртус Болоња.
Во италијанскиот евролигаш имаше ефект од 5,3 поени по натпревар, додека неговата вкупна статистика во Евролигата е 9,1 поен по натпревар. Тој своето деби во дресот на Партизан ќе го има во 18-тото коло од Евролигата, кога во Белград ќе гостува францускиот Асвел.