Фудбалската А репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина на 29-ти мај 2026 година, официјално потврдија фудбалските федерации на Македонија и БиХ.
Дуелот ќе се одигра во Сараево, на најголемиот нивен стадион, „Асим Ферхатовиќ Хасе”, некогашно Кошево. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина обезбеди пласман на Светското првенство 2026, што му дава дополнителна тежина и квалитет на овој контролен натпревар во рамки на официјалниот ФИФА термин.

