Европската фудбалска унија, УЕФА, и официјално ги објави домаќините на следните две Европски првенства. Следната година европскиот фудбалски собир ќе биде во Германија, а сега се познати и домаќините на првенствата во 2028-мата и 2032-рата година.
Веќе од поодамна се шпекулираше дека Велика Британија и Ирска ќе бидат домаќини на Европското првенство за пет години, а тоа денес и официјално е потврдена. Прифатена е единствената кандидатура на Англија, Шкотска, Северна Ирска, Велс и Ирска и тие ќе ги пречекаат најдобрите 24 европски селекции во 2028-мата година.
За првенството во 2032-рата година имаше две кандидатури, на Италија и на Турција. Сепак, двете земји направија компромис и се договорија заеднички да го организираат континенталниот собир, а тоа беше прифатено од УЕФА и официјално Италија и Турција ќе бидат домаќини на Европското првенство во 2032-рата година.