Официјално: Познати се новите термини за пресметките помеѓу АЕК и Динамо

Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, и официјално ги објави термините за дуелите помеѓу АЕК Атина и Динамо Загреб.

Првиот натпревар наместо во Атина, ќе се одигра во Загреб, и тоа во веќе предвидениот термин, вторник 15 август во 20 часот. Вториот дуел ќе се игра во Атина, а на клубовите како термин им беше понуден 19 август (сабота), што беше прифатено и од двете екипи.

Двата натпревари ќе се одиграат без присуство на гостински навивачи.

- Оглас -

Најнови вести