Официјално познати се термините за „арапското“ издание на италијанскиот Суперкуп

Фудбалскиот сојуз на Италија и официјално објави дека 36-тото издание на Суперкупот ќе се одржи од 18 до 22 јануари во Ријад, Саудиска Арабија. За првпат во историјата на ова натпреварување ќе учествуваат четири екипи, а трите натпревари, двете полуфиналиња и финалето ќе се одиграат на стадионот на Ал-Наср.

Учество ќе земат шампионот Наполи, вицешампионот Лацио, победникот на Купот, Интер, и финалистот на Купот, Фиорентина. Полуфиналните двојки се Наполи – Фиорентина и Лацио – Интер. Наградниот фонд изнесува 23 милиони евра, од кои седум милиони евра се за победникот.

Ова не е првпат Супер купот на Италија да се одржува во Саудиска Арабија, откако таму се играше и во 2018, а уште осум изданија се одржале надвор од Чизмата. Првпат се играше надвор во 2002 година, во Либија, следната 2003 домаќин беше САД, рекордер е Кина со четири финалиња (2009, 2011, 2012 и 2015), додека двапати Супер купот се играше и во Катар (2014 и 2016).

Рекордер по бројот на трофеи е Јувентус со девет титули од Супер купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести