Официјално: Променето е правилото кое предизвика најмногу контроверзии оваа година (Видео)

Пеналот на Хулијан Алварес на мечот помеѓу градските ривали Атлетико и Реал е еден од најконтроверзните моменти во сезоната која веќе заврши. Фудбалерот на Атлетико Мадрид ненамерно двапати ја допре топката при изведување на пеналот, па судиите го поништија голот, но ваквите ситуации веќе не може да се случат.

Причината е одлуката која ја донесе Меѓународниот борд за фудбалски правила, од каде што соопштија дека ова правило заминува во историјата, односно е променето.

Во случај фудбалерот ненамерно да ја допре топката двапати при изведување на пенал, а топката притоа да заврши во голот, тогаш пеналот се поништува и мора да се изведе повторно. Доколку пак топката не заврши во голот, тогаш пеналот се смета дека не е погоден.

- Оглас -

Најнови вести