Официјално: ПСЖ го промовираше фудбалерот за кого плати 60 милиони евра (Видео+Фото)

ПСЖ денес и официјално го презентираше новото засилување за кого плати 60 милиони евра на Спортинг Лисабон. Уругваецот Мануел Угарте во иднина ќе го носи дресот со број 4 на “светците“.

22-годишниот фудбалер пред да дојде во Спортинг играше и за Рио Аве и Фамаликао, а потекнува од академијата на уругвајскиот Феникс од Монтевидео.

– “Многу сум среќен и задоволен бидејќи направив голем чекор напред во својата кариера. Пристигнав во голем клуб. Ќе дадам се од себе за ПСЖ“ – рече Угарте на презентацијата.

https://twitter.com/PSG_English/status/1677337295060455426?s=20

- Оглас -

Најнови вести