32.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Официјално: ПСЖ ќе го бранат Русин и Украинец

Илја Забарњи е нов член на ПСЖ. Во редовите на европскиот првак, 22-годишниот украински дефанзивец дојде од Борнмут.

Светците за Украинецот платија 63 милиони евра, што е најголема сума која клубот ја платил за одбранбен играч, а осми најголем во нивната историја. Исто толку платија и кога го купија Анхел ди Марија. Ова е втор најскап трансфер за украински играч по оној на Михајло Мудрик од Шахтар во Челзи.

Забарњи ќе носи дрес со бројот 6, а тој е прв Украинец кој потпишал за ПСЖ. Во клубот има и еден Русин, голманот Сафонов, па интересно ќе биде да се види каков однос ќе имаат фудбалерите чии земји се во меѓусебна војна.

- Оглас -

Најнови вести