Она што со денови се најавуваше, доби и потврда: Рафаел Варан од Реал Мадрид се сели во Манчестер јунајтед. За Варан, кому договорот со Кралскиот клуб му истекуваше следното лето, Реал ќе добие отштета од околу 50 милиони евра.
Од Реал го потврдија заминувањето на нивниот стандарден првотимец, кој 11 сезони беше во Мадрид и долго беше незаменлив во последниот одбранбен ред, а Црвените ѓаволи објавија дека се договориле и остануваат само уште лекарските тестови и формалното потпишување на договорот.
Поради правилата за корона-вирусот, Французинот веројатно ќе треба при пристигнувањето во Англија да замине во изолација, па неизвесно е кога ќе му се приклучи на тимот и кога би дебитирал.