Италијанскиот напаѓач Џакомо Распадори потпиша петгодишен договор со Атлетико Мадрид и првпат во кариерата ќе игра во странски клуб откако досега ги носеше дресовите на Сасуоло и Наполи.
За Распадори, кој има 25 години, Јорганџиите ќе платат отштета од 22 милиони евра, а сосе бонусите ако се остварат, Наполи би можело да заработи уште 4 милиони. Годишната бруто-плата на Распа ќе биде 4,5 милиони евра.
Распадори беше дел од италијанската репрезентација, која стана европски шампион во 2021 година, а со Наполи освои две титули во Серија А. Во Атлетико веруваат дека Италијанецот кој не дава премногу голови, но е опасен и има брзина и техника, може да биде наследник на Анхел Кореа, кој си замина.
Италијанскиот напаѓач стана седмото ново лице во Атлетико за сезоната 2025-2026, приклучувајќи им се на Алекс Баена, Тијаго Алмада, Давид Ханко, Марк Пубил, Џони Кардосо и Матео Руџери.