Реал Мадрид на социјалните мрежи се пофали со првиот трансфер во овој преоден рок. Нов фудбалер на “кралскиот“ клуб е левиот бек на Рајо Ваљекано, Фран Гарсија. Тој на “Сантијадо Бернабе“ пристигнува за сума од 5 милиони евра, иако неговата откупна клаузула беше 10 милиони евра.
Гарсија првпат во Реал пристигна во 2013-тата година и ги помина младинските категории, а од 2018-тата до 2021-вата беше дел од Б екипата, но одигра и 44 минути за првиот тим на куп натпреварот против Мелила. Потоа беше продаден на Рајо Ваљекано за 2 милиони евра, но во договорот имаше опција доколку Реал сака да го врати назад, да плати само половина од откупната клаузула.
⚡ @Frangarcia_11 ⚡#FranIsBack pic.twitter.com/5iOw1rCHjK
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) June 9, 2023