Реал Мадрид и официјално потврди дека новата „десетка“ на клубот ќе биде Килијан Мбапе. По заминувањето на Лука Модриќ, дресот со број 10 стана слободен, а одлуката на клупското раководство падна на Французинот.
Ова беше јасно веднаш само што си замина Хрватот, но сега Кралевите и официјално ја потврдија оваа одлука.
🤩 Our new 🔟! pic.twitter.com/VWvOYpm8VP
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 29, 2025
Многумина сметаат дека „десетката“ не треба да му припадне на Килијан Мбапе, но и дека сето ова се прави само од маркетиншки причини и за пари. Французинот досега ја носеше „деветката“, па сега навивачите ќе започнат да ги купуваат новите дресови на Мбапе, кој со ова го добива статусот на прва ѕвезда на екипата.