Официјално: Реал Мадрид се пофали дека потпиша со играчот кој освои 27 трофеи со Баерн Минхен

Реал Мадрид и официјално соопшти дека нивни нов играч од следната сезона ќе биде Давид Алаба. Фудбалерот кој 13 сезони помина во дресот на Баерн Минхен, сега ќе го облече дресот на Кралскиот клуб, а официјалното преставување ќе му биде по завршување на Европското првенство.

Алаба како играч на Баерн освои неверојатни 27 трофеи во сите најзначајни натпреварувања и неговото искуство ќе биде многу значајно за Реал, кој по пауза од 11 години, оваа сезона ја заврши без ниту еден освоен пехар.

Австрискиот репрезентативец во дресот на Баерн одигра 431 натпревар, а може да се пофали и со 33 гола.

Според најавите, Алаба ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести