Официјално: сезонава мечеви од Лигата на шампионите ќе се играат и во Хамбург! (Фото)

Украински Шахтар Доњецк, поради војната во Украина не може да игра таму, и објави дека своите натпревари како домаќин во фудбалската Лига на шампиони ќе ги игра на „Фолкспарк стадион“ во германскиот град Хамбург.

Ова значи дека публиката во еден од најголемите германски градови, ќе има прилика да гледа барем три меча од елитното клупско натпреварување. Шахтар направил договор со германскиот второлигаш Хамбургер, а и УЕФА одобрила, па Украинците како домаќини ќе играат во Хамбург, на стадионот со капацитет од 51.500 седишта за меѓународни натпревари.

На овој стадион во 2010 се играше првото финале на Лига Европа, а следната година таму ќе се играат мечеви од Европското првенство.

Во минатата сезона, Шахтар беше домаќин во полската престолнина Варшава. Ждрепката за групната фаза во ЛШ е на 31-ви август и тогаш ќе се знае кои три тима ќе му гостуваат на Шахтар во Хамбург.

- Оглас -

Најнови вести