Барселона и официјално се пофали со продолжувањето на договорот со полскиот голман, Војчех Шчесни. Тој ќе остане чувар на мрежата на „каталонците“ уште две сезони, откако потпиша договор со важност до 2027 година.
Полскиот голман во Барселона дојде по тешката повреда на Марк-Андре тер Штеген, и тоа како пензиониран, но веднаш стана незаменлив на голот на „каталонците“ и имаше голема улога во освојувањето на Ла Лига, како и шпанскиот Куп и Супер куп.
Two more seasons of Tek! 🫶 pic.twitter.com/RSNHnFhK1T
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 7, 2025