Официјално, Шефилд јунајтед е најслаб англиски прволигаш во последните 118 сезони! (Видео)

Шефилд јунајтед загуби од Евертон со 0-1, и стана првиот тим во последните 118 сезони во англиската прва лига кој до Божиќ немал ниту една победа. За Шефилд ова беше 15-ти меч сезонава, и 13-ти пораз, а има и две ремија. Без победа до крајот на календарската година во најсилната англиска лига биле само два тима и тоа пред повеќе од еден век: Барнли во 1889/1890 и Бостон во сезоната 1902/1903.

Карамелите победија со гол на Гилфи Сигурдсон во 80-та минута. Победата го искачи Евертон на второ место.

Вечерва се играше уште еден меч во Премиерлигата. Манчестер сити со 2-0 го надигра Њукасл. За Граѓаните ова е 12-та лигашка победа по ред на свој терен против Чавките. Последната победа на Њукасл на гостување кај Сити беше во септември 2000 година на стариот „Меин роуд“ стадион. Сити по 13-ти пат сезонава не прими гол, и со тоа е најуспешен тим во Топ 5 лигите.

Ова е голот со кој Евертон го победи Шефилд:

https://twitter.com/i/status/1342949370270986240

 

- Оглас -

Најнови вести