Лукас Шевалие го направи најскапиот трансфер за еден француски фудбалски голман, и потпиша петгодишен договор со актуелниот европски првак Пари Сен Жермен.
Шевалие кој има 23 години, во ПСЖ дојде од Лил, а во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 30. Светците за Шевалие платија отштета од 40 милиони евра, а сумата може да оди и до 55, во зависност од тоа дали ќе се исполнат одредени бонуси кои ги има во договорот.

Ова најверојатно значи заминување на Џанлуиџи Донарума на кого договорот му истекува следното лето.

