Официјално: Шевченко веќе не е селектор на Украина

Андриј Шевченко ја напушта функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Украина. Шевченко кој ги одведе Украинците до четвртфинале на ЕВРО 2020, што е нивен најголем успех, пет години беше селектор на својата земја, и откако му истече договорот, реши да се збогува со националниот тим.

„Денеска ми истече договорот со украинската фудбалска федерација. Минав пет години со А тимот, работев напорно за да докажеме дека можеме да играме модерен фудбал. Благодарен сум на челниците на федерацијата за можноста да работам со репрезентацијата, им благодарам и на сите играчи, благодарност и до сите фанови за поддршката и критиките. Со верба во Украина“ – напиша Шевченко.

 

 

- Оглас -

Најнови вести