16.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Официјално, Шон Дајш ќе го гаси пожарот во нотингамската Шума

Нотингам форест официјално го објави назначувањето на Шон Дајш за нов менаџер на тимот.

Поранешниот тренер на Евертон го заменува Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен само по 39 дена на клупата на Шумарите. Дајш е третиот тренер на Форест сезонава, почнаа со Нуно Еспирито Санто, кој остана само три средби, потоа дојде Постекоглу, кој го водеше на осум меча, а продолжува со Дајш.

Нотингам форест е на 18-тото место на табелата во Премиер лигата само со една победа во осум кола.

„Поранешниот играч на академијата на Форест, Шон Дајш, му се приклучува на клубот со договор до летото 2027 година и ќе го има своето менаџерско деби в четврток навечер против Порто во Лигата на Европа“, се вели во соопштението на клубот од Нотингам.

Во досегашната кариера, 54-годишниот Дајш ги водеше Ватфорд, Барнли (таму се задржа 10 сезони) и Евертон. 

- Оглас -

Најнови вести